Стогодишнина

Смртна песна - Блаже Конески

По повод стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, МКД.мк ги преобјавува Неговите песни. Неуморен градител на убавината, умник над умниците, челник на македонската преродба, благородниот поет што ја воздигна славата на македонскиот дух, скромен, чесен, правдољубив, еден од оние светли синоними низ кои Македонецот најубедливо се претставува - вака зборуваат оние што го познавале великанот.

Фото: Роберт Атанасовски

Смртна песна

 

Посветена на H. Вапцаров

 

Да те изнесат надвор

во стресен, истинат мрак -

дош тура засилен надвор

и нешто шуми надвор

во стресен, истинат мрак.

 

Мирно да поминеш сам

пред окрвавено зло,

ако си спомниш нешто

веднаш заборај го.

 

Умира секој вик

нечуен в темнина

и твојот смртен вик

нечуен загина.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе