ПОЕЗИЈА

Слобода – Цане Андреевски

Цане Андреевски (1930) е поет, раскажувач и писател за деца. Како човек е тивок и скромен, и веројатно многумина заборавиле дека пишува исклучитено убава поезија. Тука објавуваме една негова песна да ве потсетиме на убавината на неговите стихови и безвременоста на нивните пораки.

Цане Андреевски

Не само да те споменувам.
Не само да те придружувам.
Не да те имам како сочен плод
туку како мала семка
од која секој нов ден
нов плод ќе смислува.
Не да сум сенка под твојата сенка,
не да обневидам од твојот сјај,
туку да имам сили, и машкост
да те кренам, да те исправам
пред лицето на друга вистина,
па да зазборуваш со друг јазик
непознат, и за оние
што говорот ти го дадоа.
Не да те леам од бронза
над која времето, ѕвездени заблуди ќе кове
туку да те среќавам, мудрец на распаќа
мудрец што лесно не се препознава.
Не само да те споменувам.
Не само да те придружувам.
Да те имам кога те немам.
Да те бранам и од оние што те бранат.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе