Што ќе речат нашите внуци - Раде Силјан

Што ќе речат нашите внуци

За нас и за нашите заблуди

 

Ги продадовте коњите

Уздите и потковиците

 

Ги загадивте изворите

Реките и езерата

 

Ги угаснавте старите фенери

На глуви уши спиете

 

Ни ги украдовте насмевките

И на кочија од сказни патувате

 

Ах,што ќе речат нашите внуци

За нас и за нашите заблуди

 

Го извалкавте образот

Ја испоганивте устата

 

Ги продадовте тапиите

Нѐ бележавте со пален знак

 

На провев нѐ оставивте

Ветрот да нѐ вее

 

Но што и да речат

И да преречат нашите внуци

 

Ние нема да им одговориме

Зашто во мумии ќе се претвориме

 

(Насловна песна во книгата „Што ќе речат нашите внуци“, издание на „Матица    македонска“, Скопје, 2020 година)

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе