Промоција на збирката поезија „Скршен аватар“ од Магдалена Чапаровска

Збирката Скршен аватар на поетесата Магдалена Чапаровска во издание на Современост вечерва (11 декември)  ќе биде промовирана пред јавноста во домот на културата Кочо Рацин, со почеток во 19:30 часот.  

Промотор ќе биде професорот д-р. Славчо Ковиловски, а стихови ќе чита поетесата Катерина Гогова.

Скршен аватар ...е обид да се пресликаат надворешните, но пред се внатрешните конфликти кои се резултат на турболентниот, модерен екосистем. Самите наслови на циклусите говорат многу. Виртуелни превирања, Елементарни пребарувања, Љубов или разделба во секој од нив потрагата, вечното себе-истражување го движи дејствието напред, запишува во рецензијата на стихозбирката професорката. д-р Јасмина Мојсиева Гушева.

Чапаровска е родена во Скопје, по професија е психолог и советник, а Скршен аватар е нејзина втора збирка поезија.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе