Промоција на книгата „Ќе се завијам во песни“ на Снежана Мирче Стојчевска

На 29 октомври (вторник) во 19 и 19ч. во Салон19 19, КИЦ, ќе се одржи промоцијатана петтата поетска книга на Снежана Стојчевска насловена „Ќе се завијам во песни“. Книгата е во издание на книгоиздателство МИ-АН.

За книгата ќе зборуваат професорите Мишел Павловски и Владимир Мартиновски. Стихови ќе читаат Славица П. Диневска и Владимир Мартиновски. Како специјален гостин ќе настапи сопранот Серафина Фантаузо која ќе ја изведе нумерата „O mio bambino Caro“од Џакомо Пучини. 

Мишел Павловски во својата рецензија за книгата ќе напише: „Поетската збирка на Снежана Стојчевска „Ќе се завијам во песни“ на очиглед го поставува автобиографското. Таа го варира мотивот на загубата на таткото, еден од најчестите во светската книжевност. Она што е специфично за оваа збирка, лајтмотивот на светската поезија – загубата на ближниот – го вткајува во вековната македонска традиција манифестирана во обичајот оној што тагува да се завие во црно. Стојчевска овој адет го инверзира. Наместо да ја одбере пасивноста, црнилото и изолираноста, таа го одбира креативното одболување, активноста наспроти помирливоста, поезијата наспроти молкот. На тој начин не само што добиваме Песни со голема почетна буква туку добиваме и своевиден споменик на човекот по кого се тагува. Тој е тука, во нејзините песни, во нејзиниот исказ, во книгата. Уште повеќе, Таткото во книгата е најконкретно присутен – преку факсимилите на неколку негови песни се прави креативен спој меѓу двете поезии, така што Татковите песни можат да се исчитаат како интертекстуална предлошка на песните на Ќерката.“

Снежана Стојчевска (1980) дипломира на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во 2012 година ја објавува првата поетска книга „Шеќер по подот“ во издание на ИЛИ-ИЛИ, како дел од едицијата Русалки, во која се јавува како уредник. „Под нулата“ е нејзино второ дело, за кое ја добива наградата „Бели мугри“ за 2013 година, која ја доделува Домот на културата Кочо Рацин – Скопје. Во 2015 година ја објави третата поетска книга „Модри фантазии“ во издание на издавачката куќа Темплум. Нејзината четврта книга, „Треба да е лесно“,излезе во мај 2017 година во издание на издавачката куќа Антолог. Во 2016 настапуванаXV МеѓународнакнижевнасредбавоВелење, Словенија,каде е објавенаво антологија на словенечки јазик во „Фестивална антологија на изворна и преведена европска поезија на 21-от век“. Застапена е во повеќе антологии на младата македонска поезија. Таа е редовен учесник на поетски манифестации во земјава истранство.Од почетокот на 2018 година е ангажирана како извршен уредник на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ и како соработник за книжевност на урбаниот сајт nomads.mk. Од 2019 година, Стојчевска е член на Друштвото на писатели на Македонија.

ПРОЦЕС: Без дијагноза
 
Како во видеоигра со многу нивоа
како да бараш тајно богатство по тајна мапа
како да си влeгол во „Процес“од Кафка
уште овој ходник
уште оваа врата
уште овој шалтер
уште ова снимање
уште овој упат
до друг оддел
на друг кат
на друга врата
кај друг доктор
по други скали
за нов упат 
до ново одделение
за друго испитување
за трето, шесто, десетто
во друга болница
по други ходници
со надеж дека одговорот се крие токму зад оваа квака,
зад оваа врата ќе ти речат ти не си за тука,
но нема да ти кажат за каде си
и нема да ти кажат дека смртта зема и без дијагноза
и дека светлината што ја бараш на крајот на болничкиот ходник
е истата онаа светлина што нè води на другата страна.

 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе