Стогодишнина

Пролетна песна - Блаже Конески

По повод стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, МКД.мк ги преобјавува Неговите песни. Неуморен градител на убавината, умник над умниците, челник на македонската преродба, благородниот поет што ја воздигна славата на македонскиот дух, скромен, чесен, правдољубив, еден од оние светли синоними низ кои Македонецот најубедливо се претставува - вака зборуваат оние што го познавале великанот.

Фото: Роберт Атанасовски

Пролетна песна

 

Под земи трева, со скришна мисла,

са зима расте, расте.

А в пролет извор зелен и бистер

на бујни извира пласје.

 

Животот плодно ми се слеа

со тебе, таткова земјо.

В гради, ко в бразда, со тивка смеа

ми никне твоето семе.

 

Со твојте лозја во листеж еден

јас дишам небо модро.

Со ваква љубов прв пат те гледам,

пченичке, поле родно!

 

И колку звучна радост ми буди

мостон што ние го прајме.

Та твојот полет ме носи чуден,

о роден, слободен крај мој!

 

И кога сега песна ми зрее,

знам кому ќe ја речам —

на мојот народ што дивно пее,

што пее в ѕвездена вечер.

 

О моја младост! Не мисли в пролет

за твојот дел и cpeќa —

со 'ржта бујна во ширно поле

никне и сињо цвеќе.

 

На твојот народ со одот силен

и твојот занес иде.

О младост, биди сив сокол крилен,

сив крилен сокол биди!

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе