Поезија

Премногу – Никола Кукунеш

Никола Кукунеш живее и работи во Струга. Тој е професор по македонски јазик и литература, преведувач и вљубеник во фотографијата. Со години е дел од Струшките вечери на поезијата со цел да остави што повеќе фотозаписи од поетите и учесниците на фестивалот. Дека во него тлее и поетска искра покажуваат овие стихови што го откриваат горчливиот вкус на животот, воопшто.

ПРЕМНОГУ
На ниските по дух

Премногу сум ’рбетник
за да се стуткам
во школка од полжав,
што лигаво ползи.

Не сакам таква да оставам трага.

Премногу сум човек
и за гола коска не станувам пес,
цртајќи бесконечност
со опашот што мавта.

Тоа им го оставам на гладните за стопан.

Премногу сум горд
за да клекнам,
та и ничкосан долу
моето јас ќе пркоси простум.

Така треба.

Премногу сум тивок,
а знам да викнам.
Тишината нека ви го морничи сонот,
нека ви ги костреши утрата
и тревожи дните.

Белки, со неа ќе ја запретате
смрдената дупка – онаа
каде што ви скапа совеста.

(2018)

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе