Прашања без одговори - Раде Силјан

Кој – кому верува
во ова време на прокуди
на луди коњи
на аздисани деца
на лажни спомени
Кој – кому кумува
во ова време на мрсулави мажи
на недоспани жени
на празни лејки
на разголени тела
Кој – кому ќе пресуди
во ова време на ѕевгари
во ова време на безимени
во ова време на невини
во ова време на жедни
Кој – кому споменик ќе гради
во ова време на надежи
на чудни градби и телали
на незнајни јунаци и знајни предавници
во ова време на изгубени илузии
 
Од стихозбирката „Пресликано време“,1999 год.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе