ПОЕЗИЈА

Политика, порнографија, поезија – Бојан Марјановиќ

Поетската збирка „Политика, порнографија, поезија“ (со поднаслов „Ебена љубовна книга“) на младиот српски автор Бојан Марјановиќ (1990, Ужице), кој живее во Белград и работи како новинар, на македонски јазик е препеана од Елизабета Баковска, а објавена во едицијата „Бореа“ на културната установа „Блесок“. Тука принесуваме една песна од збирката.

совеста и јас во рингот водиме тешкашка борба

би сакал да се сложам со адорно
и заедно
гушнати во неомарксистички дериват
мудро да тврдиме дека по аушвиц
нема смисла да се пишува поезија
дека всушност
ништо повеќе нема смисла
а камоли да се занимаваш
со приватни трици
вљубувања
љубови
разделби
лична меланхолија
исткаена од општи места

многу би сакал
ама не можам
фрлен сум во својот живот
и не знам како да се
борам со тоа

се трудам што помалку да мислам
на војниците кои ноќе
со врвот на пушката тропкаат на прозорците
зад кои бледите лица светат во мракот

лесно е да се поистоветиш со жртвата
и во паузата меѓу
оплакувањето на сопствената среќа
и посетата на тоалетот
да исцедиш некоја трошка праведнички гнев

ама што ако не сум жртва
туку оној кој жртвите ги носи во смрт
додуша
само со тоа што си ја работам работата

што ако сме
мојата поезија и јас
доволно банални за такво нешто

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе