Пeсна за стариот комита - Иван Чаповски

Млад бил дедо ми

кога посакал да ја измери својата земја:

одел вдолж се до морето петнаесет дена.

Се качил на рид,

се обѕирнал и рекол:

малку се деновите.

Одел во ширина

сѐ додека ја слушал песната на мајка му

осум дена.

Се качил на планина,

се обѕрнал и рекол:

малку одев.

И заминал в гора.

Зел манлихерка и реденици

и кинисал мера да најде за својата земја.

Пушките в рака се сменувале,

редениците на гради се кинеле

никаде синор да стави.

Кога паднал со р'ѓосано оружје и срце,

рекол:

да имав уште еден сончев ден

мера ќе ѝ ставив на Македонија.

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе