Стогодишнина

Песна на лозите во лозјата на Водно - Блаже Конески

По повод стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, МКД.мк ги преобјавува Неговите песни. Неуморен градител на убавината, умник над умниците, челник на македонската преродба, благородниот поет што ја воздигна славата на македонскиот дух, скромен, чесен, правдољубив, еден од оние светли синоними низ кои Македонецот најубедливо се претставува - вака зборуваат оние што го познавале великанот.

Фото: Роберт Атанасовски

Ако молчиме немо во сончево пладне

Кога е времето тихо и тревките траат,

Тоа не е зашто жаламе секоја сама,

Тоа е за да биде убаво.

 

Ако се нишаме од половина кога ветрот ќе задува

И се наведуваме возбудени една кон друга,

Тоа не е зашто ужас од корен нѐ полазува,

Тоа е за да биде убаво.

 

Ако постиламе сенки на месечина

Кога никого нема да нѐ изненади,

Тоа не е за свитците посилно да светкаат,

Тоа е за да биде убаво.

 

Ако сме покорни под рацете на лозјарите,

Што ги кастрат нашите гранчиња и ги галат ластарите,

Тоа не е за да родиме грозје и вино,

Тоа е за да биде убаво.

 

Чудни сме ние...

Кој почнал да нѐ разбира —

Земјата му станува сѐ поблиска,

Луѓето сѐ подалечни.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе