Стогодишнина

Охрид - Блаже Конески

Неуморен градител на убавината, умник над умниците, челник на македонската преродба, благородниот поет што ја воздигна славата на македонскиот дух, скромен, чесен, правдољубив, еден од оние светли синоними низ кои Македонецот најубедливо се претставува - вака зборуваат оние што го познавале Блаже Конески. Роден на 19 декември 1921, во годината на стогодишниот јубилеј од неговото раѓање, МКД.мк ги објавува Неговите песни, кои „секогаш ќе го возбудуваат духот на младите генерации со јасни и длабоки пораки" (К.Гочкова).

Охрид

 

1.

Ој разбуди се, росо девојче,

ти да погледаш долу полено,

како е поле раззеленето,

и по полето бели сватови

коњи виловни што разиrрале,

песна сватовска што запеале.

 

— Ој та не ми е поле широко,

поле широко раззеленето.

Ој туку ми е сино езеро,

сино езеро разлелеано.

 

Ој та не ми се бели сватови,

ој туку ми се бели бранови.

 

Ој та не ми е песна сватовска,

ој туку ми е песна жалосна.

 

Шуми езеро, играј езеро,

летај жгалебче белокрилесто.

Летај долетај мене на рака,

да те затоплам на бели гради!

 

2.

Три дена веќе езерото,

три ноќи пее бурна песна,

како во чуден занес сето,

како во иrра страсна и бесна

бучи и ј ачи

клика и плачи!

 

О таква сила! Да можеш така

во занес бескрај сет да тонеш!

Да можеш таков глас да имаш,

над бурни водје да заѕвони,

од сури ридје да се рони!

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе