Одамна не си ми напишала песна - Александар Русјаков

Одамна не сум ти напишал песна
Небото така недостижно
Земјата премногу изгазена
Со нашите разминувања
Ама онаму на средина
Каде хоризонот е линија на животот
Врз дланката на тишината
Ти секогаш ќе бидеш
Скриена меѓу редови во мојата приказна
Одамна не сум ти напишал песна
Заборавот е страв од непотребни искушенија
Вечноста седи врз рамото на Бога
Го црта животот со нотите на вселената
Ама онаму на средина
Каде машината на секојдневјето ја повторува
Својата еднолична ритмика за сонот и јавето
Ти секогаш ќе бидеш
Разбудена вистина среде лагите на несовршеноста
Одамна не сум ти напишал песна
Патетиката е кормило на мојата отуѓеност
Рамнодушноста ме заведува со секоја нова брчка
Што староста ми ја длаби, река низ душата
Ама онаму на средина
Каде здодевноста станува навика
А уметноста се подава како последна љубовна бајка
До посмртната прегратка во која небото нè крева од земјата
Ти секогаш ќе бидеш
Онаа едноставна радост што не се објаснува со метафизика
Одамна не сум ти напишал песна
Животот е лесен чекор кон чистилиштето на гревовите
Смртта е најубавата љубовница
Непосакувана страст за стравот од вечноста
Ама онаму на средина
Каде минатото станува митологија
А иднината ритуал што не сакам да се повторува
Ти секогаш ќе бидеш
Архетип на безусловната љубов
Што Бог ми ја подари за да научам
Дека не живеам само во својата празнотија
Туку сум запишан засекогаш
И во срцето на твојата поезија

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе