Стогодишнина

Оброк - Блаже Конески

По повод стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, МКД.мк ги преобјавува Неговите песни. Конески е ренесансна личност. Со неговото дело се вградуваме во светот на модерната цивилизација. Тој е творечка сила што извира од овие наши простори, со сензибилитет што му припаѓа на овој македонски народ. Неговото творештво го надминува локалното значење и станува универзално од повеќе аспекти. Покрај тоа беше учител по човекољубие и човечност. Вонвременска личност, достоинство на македонскиот народ, јазичен гениј чие дело и денес ја надградува македонската култура.

Фото: Роберт Атанасовски

Оброк

 

Ова чаше домашна ракија

што фаќа синџир по крајот

бистра а искреста

да те стресе при првата голтка;

оваа пиперка,

само малку заруменета при врвот,

рускава под забите;

овој патлиџан црвен и сочен,

а уште цврст,

и, најпосле, ова бело сиренце,

слачно при џвакање

со корка лебец,

да ти се осоли малце плунката и душата -

имај ги како дарови од небото

за денешниот ден,

и искажи благодарност со нечујна помисла.

 

Можеби и утре те чека ваква наклоност.

Зошто да не?

Никогаш не се знае.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе