Објавена книгата „Хипербог“ од Стефан Марковски

Во издание на издавачката куќа „Просветно дело“ е испечатена поетската збирка „Хипербог“, шеста поетска збирка на Стефан Марковски.  

За збирката на Марковски, академик Радован Павловски потенцира: 
 
„Наоѓајќи се во својата меѓусебна креативна инспирација, ова „неминато време“ тематски содржи 27 песни во трикатницата на III милениум на три нивоа: потсвесно, свесно и натсвесно. Во својата појдовна креативна точка, младиот поет ја збогатува современата хипермодерна поезија со иновации, коишто звучат информатички во сеопштата хиперглобализација.“ 
 
Радован П. Цветковски, пак, коментира:
 
„...Тука е и оној миг од допирот на смртта со детството. Тука за поетот е животот, стравот, светлината. Наспроти радоста е мигновената илузија  за стравот. Сѐ во еден висок стилски редослед, како да разговараме со поетот, доизнесувајќи ја глетката или сликата, живата слика  за зборот судбина. Сето тоа се дооформува со значењето на илузијата, заблудата, автоканибализмот, скромноста и монолозите. Ѕвечи фигуративноста, зборот во монологот, обојувајќи го душевно да се слуша што трепери пламнат како да е жив. Ова е линија што го поставува ‘рбетот на стихот и на поетската книга. Паралелно со ваквата линија е и стилот како семе со своја бразда.“ 
 
Уредник на изданието е Дениз Тесторидес, технички уредник Горан Павловски, а корицата на збирката ја изработи Натали Николова. Лектурата е на Славчо Пеев. 
 

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе