Објавен првиот број на „Современост“ за 2019 година

Во првиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ за 2019. година се вклучени 50-на прилози од различни рубрики на 213 страници.

Поезијата со која се отвора првиот број, од четирите предвидени, за 2019 година ја сочинуваат домашни поети кои припаѓаат на различни генерации, вклучувајќи ги: Васил Дрвошанов, Ирена Јурчева, Исток Улчар, Никола Алтиев, Ивана Крстиќ, Христо Петрески, Томе Таушанов и Чедомир Шопкиќ.

Авторите Митко Маџунков, Тони Попов, Мирјана Тренчева, Билјана Ѓонеска, Маријана Јанческа и  Ива Китановска се застапени со раскази.

Овој број става акцент на странска поезија и проза. Меѓу застапените автори од странство се вбројуваат препеви од познатиот словачки поет Ерик Ондрејичка во препев на Звонко Танески, српските поети Драган Јовановиќ Данилов, Мирослав Тодоровиќ, Валентина Новковиќ и Љубодраг Љумовиќ, како и хрватскиот поет  Синиша Матасовиќ. Во препев на поетесата Сеида Бегановиќ се појавуваат босанските поети Жељко Граховац и Милена Рудеж, а од современата бугарска поезија и проза застапени се авторите: Нели Кирилова, Марко Видал и Петар Денчев. Квалитативно посебен придонес имаат поетите преведени од англиски јазик, и тоа: Октавио Квинтаниља во препев на Михајло Свидерски; Џон Тејлор во препев на Снежана Стојчевска; Питер Робинсон и Том Филипс во препев на Митко Гогов и Сендоо Хадаа и Фети Саси во препев на Стефан Марковски.

Уредничкиот тим на списанието предводен од Стефан Марковски, Снежана Стојчевска и Никола Алтиев и во овој број застапи автори со есеи, филозофски текстови, научно-теориски статии и уметнички рецензии и критики. Бројот е заокружен со исцрпна критика на писателот Сашо Димоски за балетската претстава Ана Каренина, како и осврт на Маја Чанкуловска за ретроспективната изложба на Танас Луловски, настани кои се одржаа кон крајот на минатата година.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе