Стогодишнина

На граница - Блаже Конески

По повод стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, МКД.мк ги преобјавува Неговите песни. Неуморен градител на убавината, умник над умниците, челник на македонската преродба, благородниот поет што ја воздигна славата на македонскиот дух, скромен, чесен, правдољубив, еден од оние светли синоними низ кои Македонецот најубедливо се претставува - вака зборуваат оние што го познавале великанот.

Фото: Роберт Атанасовски

На граница

 

Езероно ти го виде:

граница го на две дели.

Но кој бранот би го запрел

открај накрај да не иде,

да не шири крилје бели!

 

На другион рид се гледа

кралска круна од камења.

Бурандар ја неа редел —

нека знае секој еден,

одавде е кралска земја.

 

Наше поле сонце свети

а во Грчко облак паднал.

Житјата се таму жални

и дрвјата молчат клети

на грчката земја страдна.

 

Таму ноќта страшна лази,

таму ноќе села rорат.

Житјата ги крвник гази,

крвник прави грозен празник,

коли, беси, пали по ред.

 

Пак се полнат занданите,

наши браќа во нив rинат.

Лемна ноќ ги голта дните,

тлеат луѓе в пранrи свити,

в Беаз-куле, во гроб зинат.

 

Пече, тишти в срце рана!

Нема веќе тука умир.

Та со пушка народ стана

и напреку гора фана,

што за тешка борба шуми.

 

По селата војска врви,

Македонец и Грк рамно.

Нека врагот страв го здрви,

нека падне в матни крви

тронот негов, тронот срамен!

 

Езероно ти го виде:

граница го среде дели.

Но кој бранот ќe го запре

од брег на брег да не иде,

да не шири крилје бели!

 

А кој бедем ќe го скроти

на народот бранот бурен,

и кој ќe му стане спротив

кога народ ќe се сплоти

тиранството да го урне!

 

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе