Македонски автограм - Димче Шипинкаровски

Нашиот македонски јазик
Нашата македонска култура,
Нашата македонска книжевност,
Нашето македонско оро,
Нашите македонски обичаи...
На дрворез од памтивек изрезбани,
Од иконописци и зографи исцртани,
На света книга запишани,
Со филигран изгравирани,
Од стари мајки извезани,
Од бисерно зрно изникнати,
До сонцето разгранети.
Така се исцртани,
Така се изрезбани,
Така се изгравирани,
Нашите македонски корени.
Тоа се нашите авторски права!
Тоа се нашите историски тапии!
Тоа се доказите,
Неизбришливо засекогаш запишани
Со крв-мастило од пера свети
За македонштината излеани
Низ жилите наши живо разлеани.
Имаме богата житница наша,
Извор непресушен на духовна храна,
И дури во дамарите силно ни бијат
Вековните идеали
Низ жилите река татковинска
Нескротливо под сонцето
Ќе буботи, ќе сведочи,
За нас со векови ќе тече.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе