Куклици - Андреј Ал-Асади

Кубури колани камени
В вериги ветрени врамени,
Барабан бијат бесно браќа,
Свекорот следи слепа сваќа.
Момата младич млако мами,
Сновејќи само страсно сами,
Пребрзо прсти в прстен пика,
Родната раја в радост рика.
Скриена стега срце сиво,
Дробејќи в дланки дева диво,
Кажува клетва кума кори,
Свекорот стена нек се стори.
Кубури колани камени
В вериги ветрени врамени,
Барабан бијат бесно браќа,
Свекорот следи слепа сваќа.
Заигран зетот заум зеде,
Бакнежи бегли бара беден,
Невеста нурна наспрем него,
Лапајќи леден лапор леко.
Наеднаш нозете негови,
Камени колумни кроени,
Пипало ползејќи пругоре,
Зграгори загриза загоре.
Кубури колани камени
В вериги ветрени врамени,
Барабан бијат бесно браќа,
Свекорот следи слепа сваќа.
Вкамени весели вресоци
В студени стенливи стисоци,
Девата длабоко дрмоли,
Морена в мраморот мрмори.
Кубури колани камени
В вериги ветрени врамени,
Барабан бијат бесно браќа,
Свекорот следи слепа сваќа.
 
(Од „Секој секому огледало“, 2022)
 
Песната „Куклици" на македонскиот автор Андреј Ал-Асади ја доби наградата „Енхалон", која се доделува на „Струшките вечери на поезија" за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе