Поезија

Крстна коска – Наташа Сарџоска

Наташа Сарџоска (1979, Скопје) е поет, писател, есеист, антрополог, преведувач и перформер. Докторирала антропологија на Карлс Еберхард во Тубинген, на Универзитетот во Бергамо и на Нова Сорбона во Париз. Авторка е на пет поетски книги: „Сината соба“, „Кожа“, „Тој ме повлече со невидлив конец“, „Жива вода“ и „Крстна коска“, како и на бројни есеи и раскази. Тука објавуваме три песни од „Крстна коска“.

Фотографија: Хани Арбид

нем град

не ви ја посакувам болката
која тоне под крвниот сад
на непознанието
подобро јато неми галеби
да ве растргнат од измамата
и да изгорите усвитени
во вителот на прашувањето
отколку да тлеете кукавички
под вашите премолчани дамари

зашто дури тогаш ќе знаете:

нешто сте добиле
а требало да го изгубите

париз, 2012

огнот е моето наследство

се лизгам низ моето грло
врз подјаден мраз

голтам височини
и ми го разоруваат ткивото

но немаат вкус туку печат
месо на суво

на јадица заглавена
вдишувам воздух што не е мој
а и не го ни сакам

вкочанети глаголи од ждрело плукам
заплеткана час во трња час во тиња
и ги враќам потем лузните од мојот грб

не прифаќам ништо
никој не сум
и не сум ништо
и никако не сум
поврзана тука со овој јанган
иако бремена со напалм
ги горам сопствените траги
и си ги лижам раните:

за да излезам од сопствениот бедем

пукнатини

тонеме во себе
се излеваме низ себе
во северното море
фјордови сме
од филм на бергман
промашени актери
низ непрегледни тектонски пластови
движења што го одредуваат времето
преправени во слепи заливи
тоги во санаториуми
од себе што се удираат
во себе што се провираат:

кога истапуваш
или отстапуваш
ме изрекуваш
ко пресуда

или конечно
ме убиваш

иако сѐ уште
во тебе
крцкаат:

моите коски 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе