Коњите на книгата - Веле Смилевски

Тупотат со копитата
Удираат во земјата, во каменот
Ја враќаат довербата во пламенот
Со кој внимателно треба да се ракува
Пред да се потпали летото
Пред да легнеме на ледина
Да се одмориме.
Тупотат со копитата
Удираат во зборот, во пораката
Ја заведуваат откопаната вода
Во контраст со нашето благо
Љубопитство, со нашата потреба
Да прелетаме планини и полиња,
Да се одмориме.
Тупотат со копитата
Удираат во садот со месечево млеко
Не будат нас блудни коњаници
Вјавнати на своите илузии
Во осветувањето на семето
Што не создаде
Со кое создаваме
Во галоп.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе