Кој ќе ни помогне? - Атанас Раздолов

Слобода сакаме-

Народот вика така.

Кој да го слушне кутриот народ,

Бугарија ли? Тракија?

Дали учената Европа,

Која што гробот нам ни го копа?

Или пак сениште од некој храм

Спас ќе ни донесе нам?

 

Бугарија или Тракија

Од друго вино се опија;

А од просветената Европа

Без „Батак“ не ни тропа

И нигде никому чуда

За спас не му се нудат,

Затоа: кутрете-чинете

И - сами на кај правдините!

 

(Авторот бил близок соработник на Гоце Делчев. Роден е во Берово 1872, а умрел во Софија 1931 година. Песнава е објавена пред скоро 120 години, но со своите пораки е актуелна за денешново наше време. Преземена е од антологијата на Раде Силјан „Нова и современа македонска поезија“, изд.Матица македонска“ Скопје, 1996 година.)

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе