Поезија

Кога би - отец Пимен

Кога би

 

Кога би верувале

Дека Христос се роди во пештера

Со истата леснотија

Со која веруваме дека вирусот

Се роди во лабораторија...

 

Кога би поверувале

Дека Христос воскресна

Со истата леснотија

Со која веруваме дека 5Г

Ќе нѐ убие, а не нашата глупавост...

 

Кога би верувале

Дека Христос на Небесата се вознесе

Со истата леснотија

Со која веруваме дека

Ѕвездите на небото и хороскопот

Ни ја кројат судбината...

 

Кога би верувале

Дека Христос дојде да го спаси човекот

Со истата леснотија

Со која веруваме дека Гејтс

Преку вакцините ќе го чипира

И зароби човекот...

 

 

Кога би поверувале

Дека Светиот Дух се симна врз апостолите

Со истата леснотија

Со која веруваме во теориите на заговор...

 

Кога би преброиле во Новиот Завет

Колку пати Христос ни заповедал да се љубиме еден со друг

Со истата леснотија со која

Броиме колку пати сме спомнати

Ние Македонците во Библијата...

 

Кога би го завртеле другиот образ

Како што нѐ поучил Христос

Со истата леснотија

Со која му истураме бес и клетви

На нашиот ближен...

 

Кога би го прочитале ова

И би примениле нешто од напишаното

Со истата леснотија

Со која ги споменуваме поршето, џиповите, парите, црвените чевли...

Со истата леснотија

Со која колнеме и пцуеме...

 

Кога би верувале

Дека светот може да биде

убаво место за живеење

Со истата леснотија

Со која го уништуваме...

 

 

Кога не би наседнувале

На убедувањето на ѓаволот

Дека тој не постои

Со истата леснотија

Со која наседнуваме на приказната

Дека короната не постои

 

Ех кога би...

 

Тогаш

Би биле подобри луѓе и христијани

Со истата леснотија

Со која сме станале ѕверови...

Отец Пимен

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе