Стогодишнина

Ѕвезди - Блаже Конески

По повод стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, МКД.мк ги преобјавува Неговите песни. Неуморен градител на убавината, умник над умниците, челник на македонската преродба, благородниот поет што ја воздигна славата на македонскиот дух, скромен, чесен, правдољубив, еден од оние светли синоними низ кои Македонецот најубедливо се претставува - вака зборуваат оние што го познавале великанот.

Фото: ЕПА

Ѕвезди

 

Думам — вие еднаш ми зборевте нешто,

но не думам веќе што и како било,

и залудно да се присетувам сега —

сивило се свило, споменот го скрило.

 

Думам само — беше на полноќ во Раец,

чкртаа по патот кираџиски коли

и штуркаа, ѕвезди, еднолично штурци

со глас што се моли за тивнати боли.

 

О ѕвездено небо, мислев дека мој е

зборот како тајна што во мене ѕуни.

Но залудно да се присетувам сега —

зошто да ме буни звук на глуви струни?

 

Го паметам само тиквешкиот говор

на колари пеши крај чкрипливи коли,

само она тивко штуркање во Раец

и глас што се моли за далечни боли.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе