Дoжд, денеска - Игор Исаковски

и денеска некој славеше роденден
и денеска некој беше погребан
денеска: бракови, убиства, бакнежи и колежи.
денеска. утре пак. вчера беше исто. денеска:
дожд врз моите самотни дланки. дожд врз градот
како врз циркуски шатор. дожд врз сите нас.
дожд врз нас, љубов. дожд врз сите повици
за враќање. дожд низ светлината што
ја грабаме алчно и со широко отворени
усти. дожд од ситни капки, дожд низ ветар.
врне врз поповите со фискални каси. врне
врз кловновските маски, врз свечените
тоалети, грозните накити. дожд, денеска.
врз камените вистини и врз ситните лаги.
денеска: твојот мирис во секоја моја пора.
не се прашувам како си се вовлекла.
ни кога ќе заминеш.
добро е додека врне,
добро е додека си тука.
денеска.
додека врне.
 
(ЉУБОВНА: Блесок, 2011)

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе