Стогодишнина

Дојран - Блаже Конески

По повод стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, МКД.мк ги преобјавува Неговите песни. Неуморен градител на убавината, умник над умниците, челник на македонската преродба, благородниот поет што ја воздигна славата на македонскиот дух, скромен, чесен, правдољубив, еден од оние светли синоними низ кои Македонецот најубедливо се претставува - вака зборуваат оние што го познавале великанот.

Фото: Роберт Атанасовски

Дојран

 

1.

На брег има сенчест јаор

- сиња водо, сињо небе! -

Ој девојче што те видов

при стариот јаор тебе!

 

Кај се најде твоја личост,

кај си расло вита снага?

Во очи ти небо спие

и езерска модра далга.

 

Низ твоите долги клепки

златно сонце свила точи.

Сиња ми е сета душа

од твоите сињи очи.

 

2. 

„Да гo видам езерото

како фрла далги, далги . . ."

 

Што в жална песна се рекло

сега за вистина ми е:

како што срцето в гради

далrата в брегови бие.

 

3.

Модри ридје, крају свиден,

да би секој вас ве видел!

 

Да би дошло мало дете,

в грсти вода да си лее,

со камчиња да си игра,

крај езеро да се смее.

 

Да би дошло лично моме

што го чудна желба влече,

крај езеро да се запре

кога паѓа сиња вечер.

 

Та момето и момчето

крај езеро ќe се сретат.

Hоќe далга ќe им шепне

и ѕвездите ќe им светат ...

 

Мене ми е уште болка,

на срцево жал ми иде —

толку младост да поминам

а езеро не бев видел.

 

Крај тополи јас сум стоел

над тажната штама водна.

Јас не знаев колко лична

е земјата моја родна.

 

4.

Чунчето среде ме носи,

езеро ширно се плиска —

сонцето в далга се дроби

на дробни зрнца од бисер.

 

Да можев — и да ги зберам

овие мониста в рака,

јас би ги чувал за таја

најмногу што ќe ја сакам.

 

5.

Види — езероно се разлета,

рашири далги — крилја,

оно во мила игра се гони

со птица лекокрила.

 

Птицата над него ниско ќe слезе,

бели пењи ќe сиrне —

оно со смеа горе се фрла

и сака да ја ститне.

 

Но веќе птицата в сонце се топи,

клика под небо вишно

а пак езерото долу се спушта

и сузбивано дише.

 

Никогаш, езеро, леката птица

не можеш ти да ја стигнеш.

Со тебе таа подбив се бие —

слободна, кликтава, дивна!

 

6.

Арно — со стариот рибар

на 6per да заседнеш вечер,

виното пред вас да тлее

и збор по збор да тече.

 

Зборот е негов трпок,

со влага езерска пропит,

на чело бранот му врезал

тежок и опален опит.

 

А уште поарно — в чунче

со момче рибарско да си,

што мерно подиrа весла

и песна рибарска гласи.

 

Душата негова жедна

сончева топлина пила.

Од млада става му бие

за живот надеж и сила.

 

7.

Зад планиње сонце зајде,

на езеро сенка лега . . .

Збогум Дојран! Пат ме чека,

треба, треба да се бега.

 

Наугоре патот оди,

го достигнав вeќe ридот,

и се свртив — уште еднаш

езерото да то видам.

 

Јас не можев да се делам

од опулот негов модар —

назад, назад тој ме вика

а јас треба да си одам.

 

Се издишив rласно тогај —

зошто минеш клето време...

Ој девојче сино око,

барем тебе да те земев!

 

Барем тебе да те имав,

би сум одел сеrде ведар —

в твојте очи би се вѕирал,

езерото би го гледал.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе