Ако ни го украдат помнењето
Ќе нема кој да раскажува
За минатото наше
И за свадбениот пат на младенците
Ако не пратат сургун
Ќе нема кој да пее
За времето на крштевките
И за вкусот на лебот денешен
Ако ни го земат
Од устата зборот
Ќе нема кој да стави квасец
Во тестото на нашите глави
Ако не перцуваат во темница
Ќе потонат последните лаѓи
А во кула од ветар
Доодени старци
Ќе чуваат ноќни стражи
Ако ни го украдат помнењето
На земјата црна
И на небото сино
За нас ќе нема кој да жали