Оффенсив

Жена се соочува со препрека на патот. Почнува да размислува „out of the box“. И се разбира, наоѓа решение како да ја надмине пречката, и притоа да не мора да наведне глава.

15 Јануари 2019 - 10:16

Двајца 17 годишни тинејџери добиваат великодушни 4 минути да завртат еден број на стар аналоген телефон со бројчаник на вртење. Спојлер: нема да успеат! Беспомошно се соочуват со невидени мистерии: до каде оди петката а до каде нулата и како тоа слушалката не е само за рестарт?

14 Јануари 2019 - 16:52

Требаше да налетаме на прилог на Ал Џезиера за да дознаеме што имаме по дома. Две македонски новинарки, пред година дена решаваат да ја покренат единствената рурална станица во Македонија. Па браво, почнал и подмладок да доаѓа. Не им ја знаеме програмата ама концептот ни е одамна познат: прави го она што го сакаш и знаеш и не заборавај дека без разлика дал си урбан или рурал, најмногу ќе те замараат копита.

14 Јануари 2019 - 16:26

Биологот Чарлс Мен потсетува на три факти кои ги знаеме за животот на оваа планета. 1. Популацијата на видовите е регулирана од природната селекција. 2. Одвреме - навреме некој вид знае да избега од ваквата регулатива па да му се случи експлозија на популацијата. 3. Експлозија на популацијата на еден вид никогаш не завршува добро.

14 Јануари 2019 - 11:53

Ебете се сите и да ни е вечна Македонија!

14 Јануари 2019 - 11:22

Зоран Шумадинац и нумерата Аутотјун. Да не убие човек ако знаеме да процениме што е поодвратно, Зоран или песната. Неиздржливи, до болка.

11 Јануари 2019 - 16:51

Надлежните служби за расчистување на патиштата од снег секоја година стануваат сè покреативни. Имаме показни вежби за две различни школи на истурање сол. Секоја со свои предности: првата истовремено е тим билдинг а втората е полуавтоматска. 

11 Јануари 2019 - 16:40

Делови од планетава кои редовно се зафатени со сериозни зими имаат развиено напредни методи за справување со истите тие зими. Некогаш методите успеваат, некогаш  само ќе научат како не треба.

11 Јануари 2019 - 16:02

Точно дека сè ова што ќе го чуете од четирите говорници (последниот говор е од дует) нема да може копи-пејст да го аплицирате на сопствениот случај и ситуација. Ама уште поточно е дека има многу што да научите од овие.

09 Јануари 2019 - 11:06

Она „Куд би с тобом“ (осим у театар) од песната „Пусти, пусти, моду“ на Здравко Чолиќ, на Радо Шишарката од Бугарија му се слушнало како „Курви сбогом“. И ете ти цела песна како Радо добил позив за војска. Да повториме, Радо Шишарката, Бугарија. Значи, не барајте логика.

08 Јануари 2019 - 12:23

Не е спорно дека и ова е уште една „принцеза на тато“, само што оваа принцеза има избрано погрешен ден за да го тестира трпението на истиот тој тато.

08 Јануари 2019 - 10:55

„Ви текнува кога овие пуритански, арогантни, цензорски напади на комедијата беа позицијата на читателите на Дејли меил? Е сега ние сме тие, Гардијан, Индепендент, Си-ен-ен,“ плус уште неколку клучни работи што Џонатан Пај има да сподели со вас околу монеталната состојба на комедијата и ловот на неподобни комичари. И да се ислуша човекот до крај со идентична посветеност.

08 Јануари 2019 - 09:46

Самоуката Лора Кампф сака да ја почнува годината со рекапитулација на она што го сработела претходната година. 30 проекти во 10 минути. Лапајте идеи.

07 Јануари 2019 - 17:08
05 Јануари 2019 - 10:56

Главен проблем со изведбата е што ти се потребни 4 генерации од твоето семејство и тоа сите од ист род. Па ако си машко, освен ти, потребен е татко ти, дедо ти и прадедо ти (или кои и да се другите тројца во зависност од твојата позиција во семејното дрво).

04 Јануари 2019 - 17:53

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе