Бенжамин Менди го тужи Манчестер Сити, си бара неисплатени плати во износ од 10 милиони!
1700503886

Бенжамин Менди стана најскапиот дефанзивец во Премиерлигата кога Манчестер Сити на Монако му плати околу 53 милиони фунти во 2017 година.

Но неговата авантура на „Етихад“ се претвори во пекол кога во август 2021 година беше обвинет за силување и сексуален напад, и неколку месеци беше зад решетки.

По долг процес, во јули оваа година, Французинот беше прогласен за невин по сите обвинувања и стави крај на кошмарот.

Кратко потоа тој потпиша за Лориен, но има нерасчистени сметки со Манчестер Сити. Бенжамин Менди ги тужи „граѓаните“ и си бара неисплатени плати, клубот од Етихад му нема исплатено ниту една фунта од септември 2021 година.

Се шпекулира дека тој сега бара помеѓу 9 и 10 милиони фунти од Манчестер Сити.