Британска нуклеарна подморница за малку ќе потонела: Екипажот спречил катастрофа во последен момент
Фото: Википедија
1700493563

Извор од одбраната потврди дека „имало проблем и дека бил загрижувачки“, но дека бил забележан од „системот“. Истрагата на Кралската морнарица за инцидентот е спроведена, додаде изворот. За време на инцидентот, главниот мерач на длабочина на подморницата откажал додека нурнувала, но секундарниот мерач на длабочина сè уште работел, објасни изворот.

Подморниците мора да бидат доволно силни за да ги издржат огромните притисоци на океанот при нуркање. Системите за редундантност се вградени во нуклеарно вооружени подморници за да се спречи ескалација на проблемите. Деталите за инцидентот прв ги објави весникот „Сан“, кој објави дека инженери во бродот го предупредиле екипажот за дефект.

Весникот наведува дека подморницата сѐ уште е во границите за безбедно работење, но се движила кон својата „точка на импплозија“ пред да биде вклучен алармот. Министерството за одбрана вообичаено не ги коментира операциите на британските подморници.

Кралската морнарица соопшти дека нејзините подморници продолжуваат да ги исполнуваат своите одговорности и дека, иако не коментира за операциите, безбедноста на нејзиниот персонал е секогаш најголем приоритет.