Пелистер го промовираше Филип Кузмановски
1700490167

Брзо по раскинувањето на договорот со германскиот клуб Вецлар, Филип Кузмановски потпиша за Пелистер.

Македонскиот репрезентативец ќе го носи дресот со број 18. 

Кузмановски треба да го подигне квалитетот на Пелистер за преостанатите натпревари од Лигата на шампионите, тој ќе биде во конкуренција и за мечот во среда против ПИК Сегед.

Ова е враќање на Кузмановски во Пелистер, тој оттаму ја почна кариерата, а играше уште и за Металург, Е. Работник, Магдебург, Хановер и Вецлар.