Инклузивна претстава „Ѕуница“ на знаковен јазик
1700486799

Во оваа авантура ве носат Бојана, Мендо, Зајаче и Птичка, секој различен, но секој вреден на свој начин, сложно ќе одиграат една братска слога, така е и со децата. За една група или заедница да остане сложна потребен ни е некој мудар како Бојана, силен како Мендо кој ќе не износи на рамена, досетлив како Зајче и гласен како Птичка. Она што човек не може да го направи сам, во слога со пријателите ќе успее, па заедно со нив ќе може да помести дури планини.

Така и децата од Доза среќа заедно со пријателите режисерот Роберт  Ристов, сценографија Сара Синани, драматург Дарко Спасов, илустрација и графички дизајн Иванка НиБа, фотографија и графички дизајн Владанка Колева, предавач на знаковен јазик Соња Кимова Делевска, продукција на звук студио Абра-кадабра, продуцент на звук Христијан Аризановски, автор на музика Драган Илиев и нивните другарчиња Калина, Арабела, Калина, Магдалена, Ангела, поддржани од Град Скопје, МКЦ и издавачката куќа Светулка ќе ја нацртаат многубојната Ѕуница на нашето небо.