Голема беља направивте, сега одговорност!
1700376391

Велевте вие ја знаете патеката кон ЕУ. Велевте Договор со Бугарија ги затвара сите отворени прашања. Велевте Бугарија ќе ни биде најдобар и најсилен поддржувач кон ЕУ. Велевте дека не се чепка во македонскиот идентитет. Велевте дека македонскиот јазик ни е бетон. Велевте нема да се чепка во Уставот. Велевте дека уште името и се ќе биде лесно кон ЕУ. Велевте дека за блокадите Македонија е сама крива. Велевте дека Грција и Бугарија ќе не внесат во ЕУ. Велевте претходната Влада свесно ја држи Македонија под блокада. Велевте „се е тоа во глава на вмровците”. Велевте дека вие знаете да не однесете во Брисел. Велевте дека институциите ќе ги направите ефикасни. Бевте/и сте неуки на балкански надворешно-политички и историски теми. Бевте/и сте неискусни да работите со вистински предизвици. Бевте/и сте арогантни кога ви се велеше дека грешите. Бевте/и сте фантазери мислејќи дека само вас ве чекаат во Европа. Бевте/и сте без чуство за проблемите што ги предизвикавте на државата и на многу луѓе поединечно. Бевте/и сте одговорни за рушење на институциите и довербата во нив. Ги потрошивте најсилните аргументи и позиции што ги имаше Република Македонија, отстапивте од сите национални и државни стратешки црвени линии, за да денес, после 7 години криза, протести, политичко обвинителство, уништени институции, фабрикувани судски предмети, напади, кршење, закани, тепачки, менување име, нарушување идентитет, да ни кажете дека некој друг е крив. Затоа, ОДГОВОРНОСТ!

                                                                                                                                           Илија Димовски

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.