Посебен фокус на разговорите биле актуелните состојби во Западен Балкан, како регион од стратешки интерес за Алијансата.
„Блиската координација и заеднички активности на НАТО и ЕУ во Западен Балкан, како и забрзување на европската и евроатлантската интеграција на земјите од регионот претставуваат клучни алатки за консолидирање на регионалната стабилност и затворање на вакуумот за потенцијални дестабилизирачки влијанија од трети страни“, нагласи Османи.
Тој истакна дека Македонија како кредибилен сојузник, останува посветена во својата определба за придонес кон глобалниот мир, колективната безбедност и стабилноста на регионот. Во таа насока, Османи се осврнал на македонскиот придонес во мисиите и борбените групи на НАТО, како и определбата за одвојување на два проценти од целокупниот БДП за одбраната.
Во соопштението од МНР се посочува дека на средбата станало збор и за руската воена агресија врз Украина, како и поддршката за украинскиот народ, а во тој контекст беа нагласени и значајните одлуки од неодамнешниот Самит на НАТО во Вилнус, со кои уште еднаш се потврди единството на Алијансата.