Нов случај Тврдина: Во МВР била уништена опрема за прислушување вредна 10 милиони евра
1459331476

Специјалната обвинителка соопшти дека побарале приведување на првоосомничениот во овој случај, вработен во УБК, а за другите осомничени е побарана забрана за излегување од земјава, одземање на патната исправа и редовно јавување во судот.

Во текот на конференцијата за медиуми специјалната обвинителка Катица Јанева соопшти дека првоосомничениот во 13 часот ќе даде исказ во Кривичниот суд во Скопје, каде што ќе присуствуваат и одговорни лица на СЈО.

Според Ристевска, овој случај е поврзан со незаконското следење на комуникациите, по пресудата на Основниот суд Скопје од 25 февруари 2015 година кога било утврдено незаконско следење комуникации извршено со опрема и технички капацитети на МВР.

„Во овој случај извршени се голем број кривични дела. Осомничени се двајца началници УБК на МВР, кои во првата половина на 2015 година заедно со министерот ги пречекориле службените овластувања, уништиле средства за следење на комуникациите вредни 10 милиони евра, директна штета на државниот буџет. Тие дејствувале како службени лица и ја користеле службената положба и ги злоупотребиле овластувањата. Целта била да се прикријат други лица кои неовластено ги следеле комуникациите, за што била дадена усна наредба за уништување на опремата за следење на комуникациите“, изјави Ристевска, детално опишувајќи ја процедурата за уништување на опремата преку непочитување на правилата на МВР, со фалсификување документи, антидатирање документи.

(Следува поопширен извештај)