Собранието доби три куполи

Новиот изглед на зградата на Собранието на Република Македонија веќе се наѕира. Стаклото на новите куполи веќе е речиси поставено. Малите куполи и челичната конструкција се изработени од македонската фирма „Факом“, а стаклата се од шпанската фирма „Ланик“, која ја изработи и челичната конструкција за големата купола.

Малите куполи се со дијаметар од 6 метри и висина од 3 метри. Под големата купола (дијаметар 32 метри и висина од 10 метри) е новата сала од 600 квадратни метри. Големата купола е изработена од два вида стакло - во долната зона има потемно стакло, а во горната зона е посветло и нивното спојување ја формира буквата „М“ на три места.

Реконструкцијата на објектот на Собранието почна во април 2012, а се планира да заврши во ноември следната година. Со проектот се предвидува изведување на нови 3.900 квадратни метри и адаптирање на 840. Изведувач на работите е градежната фирма „Бетон“ АД Скопје.

Проектот треба да чини 11 милиони евра.

[imagebrowser id=265]

 
Понеделник, Декември 3, 2012 - 16:47

Фотогалерија

20 Септември 2019 - 17:54

Со протест пред Влада екологистите на Движењето за климатска правда „Петоци за иднината“ (Fridays for future)...

19 Септември 2019 - 14:58

Почна гроздоберот, грозје има, и тоа квалитетно. Откупната цена е неизвесна, се бараат субвенции, неизвесноста...

18 Септември 2019 - 15:16

Со изведување на точката „Егзерцир" и воено-акробатска вежба, припадници од Баталјонот за почести од Армијата на...

15 Септември 2019 - 11:38

Синоќа во Битола на свечен начин беше отворено 40. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмската...

08 Септември 2019 - 15:56

Дваесет и осум години после независноста оваа наша земја која наликуваше на затворена школка конечно се отвора...

04 Септември 2019 - 10:22

Изложба на концертни и промотивни плакати од личната колекција и архива на Влатко Стефановски е отворена во...

28 Август 2019 - 16:39

Денес е Успение на пресвета Богородица, празник што за скопјани има посебно значење, бидејќи Богородица е...

26 Август 2019 - 15:40

Да ги премостиме бариерите кон слободна трговија, послободен проток на граѓани, стоки, услуги, да се насочиме...

16 Август 2019 - 12:55

Топло, неподнослива миризба, ѓубре на сите страни... во ваква атмосфера група Роми се обидуваат да извлечат што...

09 Август 2019 - 14:20

А плус и супер е за скокање „ласта“.

07 Август 2019 - 11:13

Пожарите во Сибир растат и покрај интервенцијата на руската армија, тврди еколошката организација Гринпис....

02 Август 2019 - 14:21

Под слоганот „Сите сме деца на Илинден“  денеска во целата земја се чествува Денот на Републиката – 2 Август,...