„Бојата на времето“ нов роман од Стојмир Симјаноски

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје го објави најновиот роман на Стојмир Симјаноски „Бојата на времето“, кој жанровски ѝ припаѓа на научната фантастика.


За основа во романот Симјаноски  зел една од многуте легенди за Александар Македонски, а тоа е легендата за неговата потрага по бесмртната или живата вода, додека за појдовен постулат е земено присутното прашање во научната фантастика: дали човекот е сам во Вселената и на Земјата? Но дејството не го лоцира во локални или национални рамки, ниту во одредено историско време, иако во најголем дел приказната е современа или пак футуристичка.
Стојмир Симјаноски (1937, Кичево) е автор на повеќе од петнаесет книги, меѓу кои шест романи со теми од историјата на македонскиот народ, а од кои се издвојува трилогијата романи на ајдучка тема „Синови на горите“, „Третиот завет“ и „Вратата на сонот“. Потоа, четири романи од жанрот на научната фантастика „Ацела“, 1977, „Ќерката на ѕвездите“, 1985, „Двојната Ева“, 1990, „Лицето на самовилата“, 1991, три збирки раскази „Чесно дрво“, „Фаќачи на вампири“, „Моите три животи“, збирката радиодрами „Самовилски извори" и современите романи „Евангелието на трите самовили“ и „Камена веда“, како и научнопопуларната книга-студија за НЛО „Мит за сите времиња“. Во некои енциклопедиски изданија за научната фантастика во поранешна Југославија, Стојмир Симјаноски беше сместуван во водечките писатели на Балканот од овој жанр.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе