„Логото и слоганот се дел од новата филозофија на работење на Македонски шуми, каде што преку слоганот ‘во партнерство со природата’ претпријатието симболично ја прикажува и неразделната врска помеѓу луѓето и шумите“, изјави Караџоски.
„Самиот знак, кој беше предмет на голем број шпекулации, претставува постојана промена, движење и обновливост каква што постојано гледаме во природата. Различните бои на трите листа ги претставуваат фазите низ кои што поминуваат шумите за време на различните годишни времиња. Ова пак, од друга страна, ја означува посветеноста на претпријатието за време на целата година, постојано оди напред и дополнително помага и покрај природните процеси“, соопшти ЈП Македонски шуми.










