Македонија

Останато од Македонија

„Имаме работа со влада за која магарињата вредат повеќе од човечките животи. Оваа магарешка влада на Заев е најнеуспешната во овие 29 години независност. Ако мислиме дека транзицијата беше нашиот најтемен период, Заев со неговото работење не разубеди дека и од лошото има полошо",рече во своето обраќање лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред Собранието во рамки на протестот на партијата со автомобили.

23 Октомври 2020 - 14:58

Ги советуваме приврзаниците на Мицкоски, луксузните автомобили, тие на „М" да ги остават овде, а потоа кон Штип да продолжат со стари автомобили, како што правеше криминалецот во бегство, Груевски со мерцедесот од 600.000 евра кој го менуваше пред да влезе во некое населено место, изјави на отворен простор Стефан Васев од СДСМ, а зад него беше поставена пишаната порака до ВМРО-ДПМНЕ. 

23 Октомври 2020 - 14:25

Не случајно го избравме 23 Oктомври како ден на кој што ќе направиме голем протест за сите неправди кој што се случуваат во Македонија и за сите национални понижувања со кои се соочува Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ преку прес-центарот пренесувајќи изјава на потпретседателот Александар Николовски кој најави нов антивладин протест со автомобили на релацијата Скопје - Штип.

23 Октомври 2020 - 14:08

Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка за исплата на плати, предвидува предлог-законот за финансиска поддршка. Од Министерството за финансии велат дека доколку компанијата има намален приход од над 80 проценти, износот на финансиска поддршка за исплата на плати ќе изнесува до 21.776 денари по вработен, додека компаниите со намален приход од 30 до 40 проценти, ќе добијат поддршка до 14.500 денари по вработен.

23 Октомври 2020 - 13:46

Делегации на Владата, на Собранието и на кабинетот на претседателот на државата денеска положија цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, одбележувајќи го Денот на македонската револуционерна борба. Министерката за култура положи цвеќе во Богомила, во спомен куќата на Петар Поп Арсов

23 Октомври 2020 - 12:57

„Ова дело на врховистичките агенти во ВМРО уште повеќе ги освести вистинските македонски синови и тие почнаа уште посилна борба против погубната политика на Софија.“ Вака македонски студенти од Виена во прогласот од 1925 година ја опишуваат ситуацијата во Македонија, разочарани од молкот на Европа за борбата на македонскиот народ за автономна Македонија и од „бессовесната и злосторничка империјалистичка дипломатија на големите европски држави“.

23 Октомври 2020 - 12:32

Амандманската расправа за ребалансот на Буџетот заврши доцна синоќа, соопшти денеска заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, порачувајќи дека ликвидноста на Буџетот е добра и ќе бидат исплатени сите обврски кон буџетските корисници.

23 Октомври 2020 - 12:24

МВР покренало постапка против полицаецот кој не реагирал на пријавата за насилство за случајот со фемицид (убиство на жена) во Гостивар, откако тоа со претставка го побара Хелсиншкиот комитет за човекови права. По пријавата дека таткото ја тепа мајка му, полицаецот му кажал на нивниот син да биде во близината на куќата на родителите и утредента со мајка му да го пријават случајот. Ноќта мајката била убиена.

23 Октомври 2020 - 12:14

Жителите на општините Гази Баба и Аеродром кои аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери во Град Скопје во текот на продолжениов викенд ( од денеска до недела) ќе можат да ги предадат своите стари печки на дрва или на нафта во пунктот Вардариште. Акцијата ќе трае од 10 до 16 часот, соопшти Град Скопје.

23 Октомври 2020 - 11:45

Денеска го одбележуваме 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и со гордост се сеќаваме на македонските револуционери, на кои им се поклонуваме и ја чествуваме нивната пожртвуваност, челична истрајност и нескршлива волја за слобода, правда, еднаквост, независност и сопствена државност. Цветот на македонската младост и интелегенција собран околу Македонската револуционерна организација ја понесе борбата за вековниот идеал на македонскиот народ, создавањето сопствена држава, вели премиерот Заев.

23 Октомври 2020 - 11:38

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе