Македонија

Останато од Македонија

Поднесена е кривична пријава против еден полициски службеник од Битола, кој вчера брутално нападна Ром во Битола. Тој заедно со уште еден негов колега кој бил присутен за време на инцидентот ќе бидат суспендирани, објави попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

25 Септември 2020 - 15:20

Земјоделците кои во претходниот рок не успеале да поднесат барања за директни плаќања за 2020 година, тоа ќе може да го сторат од денеска до 30 септември, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

25 Септември 2020 - 15:14

Лекарската комора преку соопштение најостро реагира на тоа што во последно време сè почесто во средствата за јавно информирање се публикуваат написи, коментари, изјави и интервјуа на доктори чии ставови не се базирани на медицински докази или на лично искуство и директна работа со ковид пациенти.

25 Септември 2020 - 15:05

Фондот за иновации и технолошки развој и УНДП (Програма за развој на Обединетите Нации) ќе работат на дигитализација на услугите што ги нудат општините за граѓаните. Проектот ќе се реализира со финансиски средства на УНПД во износ од околу 4 милиони денари, со користење на процедурите и капацитетите на ФИТР.

25 Септември 2020 - 14:54

 На 93-годишна возраст вчера во Скопје почина професорот Михајло Микле Серафимовски, градежен инженер и редовен професор во пензија на Градежниот факултет во Скопје, кој 65 години бил присутен и активен во самиот врв на македонското хидротехничко градителство.

25 Септември 2020 - 14:38

Во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски” целосно е реновиран третиот кат на установата, обновена е фасадата, а набавени се и санитетски возила и нова медицинска опрема, информира Министерството за здравство. 

25 Септември 2020 - 14:38

„Државна лотарија“ во рамките на новото коло на Лото7, го објави добитникот на 7-та од Битола, кој освои над 31 милион денари или над 506 илјади евра.

25 Септември 2020 - 14:20

Премиерот Зоран Заев денеска изрази уверување дека со Бугарија ќе се најде решение со кое двете страни ќе бидат среќни и рече дека Бугарија ги поддржува евроинтегративните процеси на земјава.

25 Септември 2020 - 14:01

Во текот на наредните неколку дена, а особено утре, како резултат на циклонска активност, се очекуваат локални поројни врнежи од дожд, на места доста интензивни со над 30 литри на квадратен метар, во вид на невреме и проследени со засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

25 Септември 2020 - 13:59

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е третата и последна дополнителна исплата на правата од социјална и детска заштита за месец август за оваа година.

25 Септември 2020 - 13:42

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе