Македонија

Останато од Македонија

Францускиот претседател Еманеул Макрон на завршната прес-конференција на Европскиот самит во Брисел поздравувајќи ја храброста на премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама најави дека наскоро ќе ги посети двајцата премиери, јави дописникот на МИА од Париз.

18 Октомври 2019 - 17:28

Со околу 80 милиони евра Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе влезе во финансирањето на Пречистителна станица за отпадни води Скопје. Од овие средства околку 10 милиони ќе бидат грант средства од ЕИБ. Со овој проект ќе се изгради и операционализира станица за третман на отпадни води, која ќе опслужува преку 650.000 жители на Скопје.

18 Октомври 2019 - 17:17

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата ќе се одржи в недела во 17 часот во „Вила Водно"

18 Октомври 2019 - 17:06

Ако сакаме да бидеме почитувани ние мора да ги одржуваме нашите ветувања, изјави денеска претседателот на Евроската комисија Жан Клод Јункер, на прес-конференцијата по Самитот на ЕУ во Брисел.

18 Октомври 2019 - 16:01

Франција не е против започнување преговори за членство во ЕУ со Македонија и Албанија, но потребно е да се исполнат два услови, кои се многу важни прашања – за Македонија тоа е прашањето за Специјалното јавно обвинителство, а за Албанија правосудните реформи, изјави директорот за континентална Европа во француското Министерство за надворешни работи, Фредерик Мондолони за „Еуропеан вестерн Балкан".

18 Октомври 2019 - 15:46

Францускиот претседател, Емануел Макрон призна дека на вчерашниот состанок имало јасно мнозинство на земји за почеток на преговори со Македонија, но не и за Албанија. Тој исто така призна дека бил против одвојување на двете земји.

18 Октомври 2019 - 15:41

Претседателот на партијата движење Беса, Билал Касами го оцени како неуспех на Владата недобивањето на датум за почеток на преговори со Европската Унија и побара оставка од Владата и предвремени парламентарни избори.

18 Октомври 2019 - 15:36

Нејасната и несигурна перспектива на земјите од Западен Балкан за членство во ЕУ и (не)постоењето алтернативни сценарија на евро-интегративниот процес беше тема на дебатата што денеска во Скопје ја организираа Центарот за истражување и креирање политики, заедно со Амбасадата на Полска во Македонија.

18 Октомври 2019 - 15:32

Францускиот претседател, Емануел Макрон во првото обраќање пред јавноста откако ги блокираше преговорите со Македонија и Албанија вчера, порача дека полноправното членство на ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите од соседството на ЕУ, за првпат јавно доведувајќи ги во прашање европската иднина и перспектива на земјите од западниот Балкан дадена во Солун во 2003.

18 Октомври 2019 - 15:27

Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск порача дека ЕУ ќе се наврати на проширувањето пред Самитот во Загреб во мај наредната година, откако земјите членки не успеаја да постигнат договор за почеток на преговори со Македонија и Албанија.

18 Октомври 2019 - 15:22

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе