ЗНМ: Измени на Кривичниот законик за поголема заштита на новинарите и медиумските работници

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија учествуваа на работната група за измени и дополнувања на Кривичниот законик, каде што беа разгледани препораките на ЗНМ за измена на Кривичниот законик во делот на заштита на новинарите и медиумските работници при вршење на нивната професионална должност.

Директорот на ЗНМ, Драган Секуловски, побара воведување нови кривични дела во Кривичниот законик, како што се „спречување на новинарите во извршувањето на професионалните задачи" и „напад врз новинарите во извршувањето на професионалните обврски", односно дополнување на постојните членови во законот кои се однесуваат на закани и физички напад вклучувајќи и убиство.

„Со овие предлог-измени секое лице кое ќе се закани или ќе нападне новинар, медиумски работник или нивно блиско лице поради извршување на професионални новинарски задачи ќе добие поголема казна од страна на судот. Освен ова, за дел од овие повреди на права во иднина обвинителството ќе презема мерки по службена должност наместо праксата на приватни тужби од страна на новинарите како што е тоа во моментов. Целта на овие измени на Кривичниот законик е да се воспостави поефикасен систем на заштита на новинарите, а во исто време да се одвратат потенцијалните напаѓачи во иднина", велат од ЗНМ.

Со предложените измени, додаваат од Здружението, новинарските екипи ќе добијат зголемена заштита во извршувањето на професионалните обврски, нешто слично како и службените лица.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе