Државниот завод за статистика

Злоупотреба на службената положба е најчесто кривично дело, за една година пријавени 593 сторители

Податоците од Државниот завод за статистика за периодот од 2009 до 2017 година говорат дека едни од најчесто сторуваните кривични дела во државава се кривичните дела од корпусот против службената положба и овластување. Она што е евидентирано од Државниот завод за статистика за 2017 година, евидентирани се вкупно 593 сторители на кривични дела против службената положба.

Најчесто сторувано и пријавувано кривично дело е токму кривичното дело од членот 353 – „злоупотреба на службената положба и овластување" со пријавени 498 лица сторители на ова дело, потоа следуваат „несовесно работење во службата" – 52 лица, „фалсификување службена исправа" – 19 лица, „проневера во службата" – 5 лица, „примање поткуп" – 5 лица, „давање поткуп" – 3 лица итн.

 

 

Казнената политика од друга страна упатува на фактот дека бројот на лица прогласени за виновни за злоупотреба на службената положба кај нас се движи во рамките од 75 лица во 2011 година, до 193 во 2014 година.

„Забележителен е променлив тренд, помеѓу 2007 и 2009 година бројот на лица прогласени за виновни за злоупотреба на службената положба се движел помеѓу 106 и 127, во наредните четири години (2010 – 2013 година) просекот бил по 90 осудени лица, а особено е зголемен бројот во 2014 година, за да има потоа тренд на намалување на бројот на обвинети лица и да достигне 140 во 2016 година. Од друга страна, бројот на лица осудени за давање или примање поткуп е многу мал. Забележителен е тренд на намалување на бројот на овие лица, додека во првите пет години (2007 – 2011 година) просечниот број на осудени лица е 19, во следните пет години просекот изнесува 12 лица", покажуваатбподатоците од Државниот завод за статистика.

К.Д.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе