Извештај на Комитетот за превенција на тортура

Животот на осудениците во затворот Идризово доведен во опасност, условите се нехумани

Комитетот за превенција на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (КПТ) на Советот на Европа изготви извештај по посетата на затворот во Идризово која беше направена во декември, 2016 година. Во извештај има доста забелешки и критика како за начинот на третманот за затворениците, така и за условите во кои осудените лица престојуваат. 

Според извештајот, затворските условите забележани во неколку крила во Идризово може да се сметаат за нехумани.

КПТ од 2006 години во неколку наврати ги нагласуваше фундаменталните структурни проблеми, како што се недостаток на политика за управување со сложени институции, несоодветни постапки за пријавување и систем за следење и недостатокот на управување со персоналот и неможноста на затворскиот персонал да ги извршува своите должности.

Наодите од посетата во декември 2016 година покажуваат дека е постигнат мал напредок во справувањето со проблемите во казнено-поправниот систем. Освен тоа, здравствената заштита што се обезбедува во затворот во Идризово е сосема несоодветна и ги доведува во опасност животите на затворениците.

Во извештајот, исто така, се опишува дека е забалежано и големо присуство на корупцијата во затворскиот систем. КПТ утврди дека во Идризово за секој аспект на затворот може „да се плати“, како за сместување во соодветна ќелија или дозвола за отсуство, пристап до лекови, мобилен телефон или употреба на дрога.

Во извештајот се тврди дека постојан проблем е малтретирањето на затвореници, насилството меѓу затворениците, корупцијата и недостатокот на активности за затворениците, што во затворот Идризово се суштински поврзани со недостигот на вработени и недостаток на обука и поддршка на затворскиот персонал.

Во однос на истражното одделение на Затворот Скопје, КПТ пишува дека обвинетите се ограничени во своите ќелии 23 часа на ден, а притворот може да потрае до две години, без да имаат ништо друго освен читање, играње карти или да слушаат радио. Материјалните услови исто така се критикувани.

Иако ситуацијата во затворениот дел на затворот во Штип е помалку сериозна во споредба со Идризово, во извештајот се препорачува, меѓу другото, да се намали пренатрупаноста во некои ќелии, да се подобрат материјалните услови и да сe предложи режим со мотивирачки активности.

КПТ го заклучува својот извештај со констатацијата дека „време е владеењето на правото и заштитата на човековите права целосно се спроведат во затворскиот систем" и Република Македонија „да ги исполни меѓународните обврски и да соработува со КПТ".

 

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе