Со поддршка на ФИТР

Женски биоразградливи алое хулахопки - уникатна иновација на македонскиот пазар

Фондот за иновации и технолошки развој е некој вид „катализатор“ на иновациите во нашата средина. Освен финансискиот момент, значаен е и другиот вид поддршка што ентузијастите ја добиваат, а е од големо значење.

Компанијата „Фор лејди“ има уникатна иновација - биохигиенски и биоразградливи алое хулахопки, кои не само што ги негуваат нозете, туку и влијаат врз заштита животната средина, бидејќи се разградуваат десетпати побрзо од стандардните.

За реализацијата на овој производ пресудна е, како што вели и самата иноваторка Сања Лазаревска, поддршката од Фондот за иновации и технолошки развој, со која за само една година производот од идеја стигнал до пазарот за продажба. 

Финансиската поддршка од ФИТР беше пресудна за почетокот на овој проект во овој момент. Ние секако оваа идеја ќе ја реализиравме, но тој процес ќе се одвиваше многу побавно без соодветно финансирање на развојот на производот. Поддршката беше финансирање во склоп на повикот за финансирање на иновации од ФИТР, на кој нашата компанија аплицираше со проект за развој на нов иновативен производ и беше одбран за кофинансирање. Од ФИТР добивме огромна поддршка во размена на know-how, вмрежување со експерти и ментори кои ни беа од голема помош при развој на стратегијата на пазарот, како и детектирање на потенцијалните можности за развој“, вели за МКД.мк Сања Лазаревска, проект менаџер на компанијата.

Со Лазаревска поразговаравме за самиот производ и за процесот на неговото „раѓање“, но и за околностите во нашата земја за вакви видови иновации што грижата за идните генерации ја ставаат пред „брзиот“ комерцијален момент.

Најпрвин, чија беше идејата за оваа иновација и од каде инспирација? Кога ја остваривте идејата, како се одвиваше процесот и од кога крајниот производ е достапен на пазарот?

- Идејата за оваа иновација дојде од мене, поттикната од потенцијалот за развој на фамилијарниот бизнис кој постои веќе 25-та година. Долго време размислував во кој правец сакам да се движи бизнисот во следните 5-10 години. Почнав да истражувам што се нуди на пазарот и генерално во светот на текстилната индустрија. Трендот беше јасен дека секоја општествено одговорна компанија се движи кон бизнис кој ќе има што е можно помал импакт на животната средина. Во денешново време на брза мода, застрашувачки е фактот колку тони отпад доаѓаат токму од текстилната индустрија.

За да направиме истражување, прототип и сите дополнителни тестови и истражувања, беа потребни многу средства. Идејата ја развиваме 2 години и конечно добивме шанса да ја реализираме во 2019 година, поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој. Проектот беше предводен од мене, со тим од тројца блиски соработници. Процесот на реализација од прототип до готов производ се одвиваше дури и побрзо од очекуваното. Една година од почетокот на проектот за имплементација на иновацијата, нашиот производ веќе беше достапен на пазарот за продажба.

Збор-два за самиот производ?

- Самиот производ е иновација што не постои никаде на пазарот. Станува збор за биоразградливи хулахопки и чорапи што имаат антибактерискo својствo и козметички ефект. Биоразградливоста му дава на нашиот производ особина да се разградува до 5 години откако е правилно отстранет во депонија. За споредба, регуларните хулахопки и чорапи чиј состав е на база на полиестер се разградува и до 50 години во природата! Дополнително, нашиот иновативен производ има специјална доработка и додаток на екстракт од алое вера, кој ќе помогне во негата на вашата кожа. Новата формула на нашите хулахопки и чорапи нуди и антибактериска заштита со цел да се намали или да се спречи развој на габични или бактериски инфекции.

Како сте задоволни од реакциите за вашата иновација, од потрошувачите, колегите во оваа сфера?

- Во моментов навистина се бориме за развој на свесноста за постоење на овој производ на пазарот. Голем дел од пазарот би избрал ваков производ како замена за производите што се разградуваат многу подолго, но воопшто не знаат дека има биоразградливи хулахопки и чорапи на пазарот. Сите досегашни реакции и критики се крајно позитивни. Се надеваме дека набрзо ќе успееме во кревање на свесноста кај крајните корисници, дека ќе им понудиме нешто комплетно ново и долгорочно ќе ги смениме навиките на корисниците, со што ќе можеме да креираме цел нов сегмент во нашата индустрија.

Станува збор и за момент на општествена одговорност, односно грижа за животната средина. Колку вам ви е важен овој момент во целата приказна со оваа иновација? Колку тука е пресуден профитот?

- Првата работа што беше цел на истражувањето е иновативниот производ да не чини повеќе од тековните производи што се нудат на пазарот. Идејата беше да се понуди еколошки производ што би бил еквивалент на тековните производи што навистина имаат огромен импакт на животната средина. Дополнително, нашата компанија си стави за цел на новите работни места што ќе се отворат како резултат на проширување на нашиот бизнис со овој проект да вработува самохрани мајки, како и млади работници до 29 години.

Профитот е секако важен, но само како бизнис двигател и како инпут што ќе ни помогне комплетно да се ориентираме на вакви иновации и во иднина.

Дали сте присутни само на домашниот или и странскиот пазар? Кои се вашите планови на ова поле?

- Во моментов сме присутни на домашниот пазар, во Европа и Америка. За домашниот пазар нудиме онлајн-продажба и продажба во продавници, а за сега во Европа и Америка нудиме само онлајн-продажба.

Дали размислувате за други иновации?

- Секако дека размислуваме на тоа поле, но во моментов е премногу рано да зборуваме на темата. Сепак, уште трае проектот за развој и пласман за оваа иновација и би сакале да одиме чекор по чекор.

Како ја оценувате климата во државата за иновации и технолошки развој?

- Во моментов нашата држава нуди огромна поддршка преку ФИТР за развој на иновации и технолошки развој. Не само што се добива финансиска поддршка, туку и натамошна поддршка во секој сегмент што може, секако што зависи и од индустрија до индустрија.

Воедно и нема вистински момент за овие работи. Развојот на иновација бара сериозен труд и време, тоа е првиот услов за успех. Во моментот кога ќе почнеш да работиш можностите се отвораат постојано, за што треба знаење, упорност, вистински тим зад себе и многу непроспиени ноќи.

 Х.С. - П.П.

Објавено

Понеделник, Април 13, 2020 - 07:32

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе