Зелен покрив и на „Мавровка“

Град Скопје во соработка со Општина Чаир и Здружението на корисниците на деловен простор во деловниот центар „Мавровка“ почна со уредување на третиот и најголем зелен покрив во Скопје - покривот на „Мавровка“, според проектот на архитектот Бесиан Мехмети.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на денешната прес-конференција на која присуствуваше и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, објави дека на тој простор се планира да бидат засадени над 40 различни видови садници на вкупна површина од 4.000 квадратни метри.

„Се наоѓаме на најфреквентната крстосница во нашиот град, каде што дневно поминуваат повеќе од 70.000 автомобили, место на кое што се наоѓа државна мерна станица и место на кое одбравме да го правиме овој зелен покрив, од две причини. Прво, да го покажеме нашиот пристап на еднаквост на Градот, а второ, да го замениме зеленилото кое во лудилото на проектот ‘Скопје 2014‘ овде, на оваа микролокација кај Ректоратот, беше уништено со цел да се изградат и недоизградат овие барокни згради што не се ниту дел од Универзитетскиот кампус. Искуството што го имаме со најексплоатираниот зелен покрив, зелениот покрив на Градскиот трговски центар, е навистина прекрасно. Со реализацијата на овој проект не само што ќе имаме импакт со зеленило врз најголемата раскрсница во градот, ќе влијаеме и врз самиот трговски центар. На луѓето ќе им овозможиме уште едно прекрасно катче, кое од вака руинирана површина која зрачи топлина поради бетонот ќе стане површина на која граѓаните ќе може да поминуваат пријатни моменти“, рече Шилегов.

Според него, Скопје во услови на пандемија од коронавирусот ќе добие уште едно прекрасно место на кое ќе можат да се одвиваат културни настани на отворено со почитување на здравствените протоколи, а ќе можат да го користат и студентите во своето слободно време во паузите со оглед дека е веднаш до УКИМ и Националната универзитетска библиотека.

Во соопштението од Град Скопје се додава дека зелените покриви се една од мерките за  намалување на т.н. урбани топлотни острови кои воедно даваат можност за развој на вегетацијата и животинскиот свет во урбаните средини, а со нив Скопје добива еден нов и модерен лик со многу зелени површини и урбани содржини.

За реализацијата на проектот Град Скопје потпиша меморандум за соработка со Здружението на корисниците на деловен простор во „Мавровка“ и Општина Чаир, а проектот е донација од здружението.

 

 

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе