За случајот „Рекет“

Завршено е вештачењето на мобилниот телефон на Јанева, извештајот е таен

Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција стигнал извештајот од вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева што и беше одземен во врска со истрагата за случајот „Рекет", потврдија за МКД.мк од Обвинителството.

„Ве известуваме дека вештачењето на мобилниот телефон е завршено. Но, со цел да не се попречи на натамошното водење на истражната постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција не е во можност да сподели детали околу содржината на извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на јавниот обвинител. Вториот мобилен телефон до овој момент не е пронајден. Обвинителството нема сознанија во моментов каде се наоѓа јавната обвинителка. Во моментов, обвинителството нема преземено дејствија за повикување на јавната обвинителка, нема ниту преземени дејствија на следење или лоцирање“, се вели во соопштението на ОЈО. 

Обвинителството во моментов не може да сподели информација во врска со бројката на лица кои се обраќаат до јавното обвинителство и кои пријавуваат.

Временскиот период од обелоденување на истрагата е кратко, поминаа само седум дена во кои континуирано се обраќаат лица со цел да пријават кривично правни настани.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе