Затворот во Шутка се поднови со фитнес опрема

Во Казнено-поправната установа, затворот „Скопје" во Шуто Оризари, донирана и поставена е фитнес опрема и реквизити за рекреација на отворен простор на затворениците, соопшти директорот на затворот, Ѓоко Котевски.

Фитнес опремата и реквизитите за рекреација се донација по соработката со фирмата „МСА Компани" ДООЕЛ Скопје.

„Ова е уште еден чекор во насока на подобрување на условите на осудените лица и нивно поактивно учество во спортски активности и исполнување на нивното слободно време со корисни содржини, како облик на третман на кои се посветува подеднакво внимание, како и на останатите облици на третман на осудените лица за нивна успешна ресоцијализација и социјална адаптација“, рече Котевски.

Тој најави дека за брзо време ќе почнат со курсеви за компјутерски вештини за осудените лица. За почеток ќе има основни компјутерски вештини, а потоа во зависност од интересот и напредни.

Во затворот комплетно се реновирани и просториите за посета на адвокати, во соработка со Адвокатската комора на Македонија.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе