Азири не се вратил во затвор од март

Затворот во Штип го води болниот обвинет од „Монструм“ како осуденик во бегство

Фејзи Азири кој е обвинет во случајот „Монструм“ и поради кој се одложи денешното рочиште за случајот „Монструм“ во затворот во Штип се води како осуденик во бегство. Оваа информација за МКД.мк ја потврди директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров.

Првиот човек на штипскиот затвор во телефонски разговор вели дека лицето Фејзи Азири кој во затворот во Штип издржува казна за друго кривично дело по истекот на прекин на казната не се вратил назад во затворот. 

„Фејзи Азири имаше прекин на казната од 30 јануари до 28 февруари годината кој му беше доделен од министерот за правда. По истекот на прекинот тој не се врати назад во затворот, ниту го оправда своето отсуство со било каков писмен документ. Ние го известивме судот и Управата за извршување на санкции и по закон треба да се распише потерница. Ние овде го водиме како лице во бегство“, ни изјави директорот на затворот во Штип, Тодоров. 

Денешното рочиште за петкратното убиство се одложи поради отсуство на Азири кој, според документот кој го приложи неговиот адвокат, е на болничко лекување. 

К.Д.

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе