Бегство во Скопје

Затвореник среде бел ден им побегна на чувари кои застанале да си купат сендвичи

Затвореникот Фидан Исени успаеал да им избега на двајцата чувари, кој од Клиничкиот центар требале да го вратат назад во затворот „Идризово". Информацијата за МКД.мк ја потврди директорот на затоворот, Боби Мојсовски. Двајцата затворски чувари ја смениле рутата на движење и со затворското комбе свртеле до сендвичарница блузи средно училиште „Коце Металец“. Затвореникот Исеини го искористил нивното невнимание и им побегнал од затворското комбе. 

„Затвореникот го искористил невниманието на чуварите кои ја смениле рутата на движење, односно наместо да тргнат кон затворот „Идризово" застанале по пат да си купат сендвичи, вели директорот Мојсовски.

Првиот човек на најголемиот затвор вели дека затворските чувари се суспендирани и ќе се превземат мерки за одговорност. Тие даваат изјави и пред службени лица од МВР каде е пријавен настанот. 

Затвореникот бил осуден на затворска казна од 7 години и шест месеци и тоа за повеќе кривични дела, односно за предизвикување на општа опсност, насилство, криумчарење на мигранти.. Бил повратник, имал добро поведение, а во затворот во Идризово бил една година и шест месеци. 

Дополнително ќе се утврдува како успеал да излезе од затворското комбе кое треба да е заклучено. 

К.Д.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе